И овогодинешниот Hair Show започна со натпревар на фризерските визионери под името Hair International Awards. Во воведниот дел на натпреварот беа претставени 35 финалисти во три категории:
Натпреварувачите на бината ги претставија своите импресивни трудови, од совршено шишање и боење, до феноменалните фризури. Во Категоријата шишање и боење првото место го освои Barry McDonagh од Ирска, во категорија Avan gard најдобар беше Emmanuel Esteban од Англија, а победник во Машки фризури е Италијанецот Walter Armanno.